Бистра Георгиева работи како раководител на Потпрограмата МЕДИА во склоп на програмата Креативна Европа во Република Северна Македонија. Има повеќе од 10 годишно искуство во областа на сценарио, копирајтинг, координација и уредување на најразлични ТВ и филмски проекти. Од 2010 до 2016 година е програмски директор на Охо продукцијата со кои има реализирано низа успешни проекти меѓу кои е и детската серија „5+“ . Нејзиниот ангажман во рамки на проектот е како консултант и автор на дел од песните за видеата, како и автор на едицијата сликовници.